ФК Вардар денеска официјално ја обезбеди неопходната документација, односно завршната сметка и ревизијата, кои беа потребни за учество во Првата македонска фудбалска лига. Од клубот со соопштение ја информираа јавноста, во која меѓу другото се вели:
„Причината поради која се доцнеше со прибирањето на потребната документација, беше долгот кој поранешниот директор на клубот Слободан Крстевски, го направил кон сметководителите. Поради тоа, бевме приморани да повлечеме средства од досегашната сума собрана од акцијата за продажба на членски карти, во вредност од 315.000 денари и да го исплатиме заостанатиот долг, бидејќи тоа беше единственото можно решение во дадената ситуација“.

