Челниците на Лајпциг му дале рок од две недели на Манчестер Сити за да го финализира трансферот на дефанзивецот, Јошко Гвардиол.
Тренерот на германците сака да има чиста слика за составот пред натпреварот од Супер-купот на Германија против Баерн (Минхен) закажан на 12 август. Последните информации велат дека Хрватот сигурно ќе се пресели во Англија за околу 100 милиони евра но, дека проблем се најавените бонуси.
Лајпциг не брза да го продаде Гвардиол откако клубот го напуштија Собослаи (Ливерпул) и Кристофер Нкунку (Челзи).

