Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Италија и Турција со заедничка кандидатура за организација на ЕП во фудбал во 2032 година
    Фудбал

    Италија и Турција со заедничка кандидатура за организација на ЕП во фудбал во 2032 година

    risteBy riste28/07/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    УЕФА на својата официјална веб-страница објави дека Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) и Турската фудбалска федерација (ТФФ) поднеле заедничка кандидатура за организација на Европското првенство во 2032 година. Барањето за спојување на поединечните кандидатури дојде од двете национални федерации. 

    Претходно Турција се обиде да го добие правото да биде домаќин на едно од двете ЕП – во 2028 или 2032 година. Италија само се кандидираше за домаќин на Европското првенство во 2032 година. Англија, Северна Ирска, Ирска, Шкотска и Велс поднесоа заедничка кандидатура за домаќин на Евро 2028 година.

    „УЕФА ќе започне да работи со FIGC и TFF за да се осигура дека документацијата што ќе биде поднесена за нивната заедничка понуда е во согласност со барањата на настанот. Доколку заедничката понуда навистина ги исполнува сите услови, таа ќе биде претставена пред Извршниот комитет на УЕФА на состанокот што треба да се одржи на 10 октомври, на кој ќе бидат одредени домаќините на ЕП 2028 и 2032 година. Одлуките за местата и распоредот на натпреварите ќе бидат донесени во подоцнежна фаза“, се вели во соопштението на УЕФА.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.