Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Андреас Трајковски постави нов национален рекорд во скок во далечина
    Домашен микс

    Андреас Трајковски постави нов национален рекорд во скок во далечина

    risteBy riste31/07/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Одличен викенд за македонскиот атлетичар Андреас Трајковски на атлетските митинзи во Германија. Најпрво во саботата во Штутгарт победи со скок од 7,67 метри, додека пак во неделата во Инеринген Хетинген прескокна 7,91 метри (+1,9 м/с) што претставува негов најдобар скок во кариерата, а воедно и нов македонски рекорд. Претходниот најдобар скок од 7,79 метри беше во сопственост на Андреас кој го постави на 24 мај оваа година.

    Андреас имаше одлична серија на скокови, натпреварувањето го започна со 7,71 метри, во втората серија имаме неуспешен обид, додека во третата и четвртата серија следуваа скокови од 7,81 и 7,86 метри. Во петтата серија имаше скок од 7,53 метри и во последната серија прескокна 7,91 метри. На ова натпреварување Андреас дури три пати го собори досегашниот национален рекорд.

    Овој резултат на Андреас му донесе 1118 бодови според табелата на Светска атлетика и ќе му придонесе за нов скок на Светската и Европската ранг листа. Во овој момент, Андреас е 22-ри на Европската ранг листа и 70-ти на Светската ранг листа во дисциплината скок во далечина.       

    „Многу сум среќен, немам зборови. Тренирав навистина напорно оваа сезона и мојата напорна работа се исплатеше. 7,91 метри е одличен резултат, иако тоа не беше совршен скок. Да имав совршен скок и добар одраз од даската за скокање ќе беше над 8 метри. Нормата за учество на Европското првенство во атлетика е 8 метри и наскоро треба да ми биде на дофат! Верувам во себе и со напорна работа ќе се оствари“, изјави Андреас Трајковски после натпреварот во Хетинген.

    Одличните настапи покажуваат дека Андреас Трајковски се наоѓа во одлична форма, останува да се надеваме дека ќе успее да се квалификува на Европското првенство во атлетика кое ќе се одржи во Рим следната година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.