Тренерот на фудбалерите на Челзи, Маурисио Покетино, проценува дека треба да се засили ростерот.
„Не сум сигурен колку нови играчи ни се потребни. Мислам дека е проблематично сега да се открие тоа. Сакам да бидеме силни на сите позиции“ – вели Покетино.
„Сините“ на стартот на Премиер-лигата ги чека првото големо дерби против Ливерпул. Мечот е закажан за 13 август.

