Интер понудил околу 22 милиони евра за играчот на Вест Хем, Џанлука Скамака, пренесува Скај Италија.
Се верува дека лондончани сепак ќе ја одбијат понудата со надеж дека Рома ќе му ги откупи правата за 27 милиони.
Сепак, проблем може да биде условената минутажа во наредната сезона и евентуалниот пласман на „волчицата“ во Лигата на шампионите.

