Полскиот фудбалски интернационалец, Пјотер Зиелински, веројатно нема да продолжи да игра за италијанскиот шампион, Наполи.
Според одредени најави, екипата на Ал Ахли доставила понуда до тимот од Серија А бидејќи играчот од средниот ред влезе во последната година од договорот а нема индиции дека ќе потпише нов.
Раководството на Наполи е расположено да се раздели со играчот доколку добие добра понуда од Саудиска Арабија.

