Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Миленкоски: „Задоволен сум од победите над Романија, има простор за напредок“
    Домашен микс

    Миленкоски: „Задоволен сум од победите над Романија, има простор за напредок“

    risteBy riste07/08/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Одбојкарската репрезентација на Македонија со две победи над Романија ги отвори подготовките за Европското првенство. По првиот тест натпревар кој се играше зад затворени врати, синоќа во втората контролната пресметка нашите одбојкари славеа победа од 3:1.

    Селекторот Јошко Миленкоски е задоволен од одиграната игра и двете победи, но напомена дека оваа селекција допрва треба да го достигне својот врв.

    „Мислам дека треба да бидеме задоволни после двете контролни средби со Романија. Игравме против селекција која исто така ќе игра на Европското првенство и која поседува голем квалитет во своите редови. На моменти игравме многу добро, сите елементи функционираа, но имаше и падови, што е нормално за овој дел од подготовките. Задоволен сум од победите над Романија, иако конечниот резултат не ни е толку важен, колко тоа што сакавме да ја играме нашата игра и да изградиме наш претпознатлив стил на игра. Мислам дека сме на добар пат да го оствариме тоа.Се надевам дека од ден во ден ќе бидеме сè подобри и контролните натпревари со Израел и Јапонија треба да го покажат тоа“, рече селекторот Миленкоски.

    Следни противници на Македонија ќе бидат Јапонија и Израел, во натпревари кои што ќе се одиграат во Кавадарци и Скопје.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.