Во Нион се одржа ждрепката за плејофот од Лигата на шампионите, а Динамо Загреб, каде што настапува нашиот капитен Стефан Ристовски, доколку го помине грчки АЕК ќе игра против белгиски Ројал Антверпен.
Динамо во следните две недели ќе игра против АЕК во третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите. Доколку испадне оди во истата фаза на натпреварување во Лига Европа.
Во плеј-офот од Лигата на шампионите може да настапи и уште еден македонски фудбалер. Тоа е Мартин Мирчевски со својот ТСЦ Бачка Топола, но прво српскиот вицешампион ќе мора да го мине тимот на Брага. Доколку тоа се случи, во плеј-офот ќе се сретне со победникот од двомечот меѓу Марсеј и Панатинаикос.
ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈ-ОФ ЛШ:
Слован / Макаби Хаифа – Јанг Бојс
Антверпен – Динамо Загреб / АЕК
Раков / Арис Лимасол – Копенхаген / Спарта Прага
Клаксвик / Молде – Олипмпија / Галатасарај
Ренџерс / Сервет – ПСВ / Штурм
Брага / ТСЦ – Панатинаикос / Марсеј