Откако донесе одлука за одложување на вечерашната средба, УЕФА назначи нов термин за првиот натпревар меѓу АЕК и Динамо.
Првиот дуел ќе се игра во вторник на 15 август во Загреб, а не во Атина каде што требаше да се одржи според ждрепката. Реваншот ќе се игра во сабота на 19 август во Атина.
Тоа значи дека Динамо, како и АЕК Атина, ќе мора да ги одложат првенствените средби закaжани за следниот викенд.
Динамо треба да се сретне со Вараждин, додека АЕК против Панетоликос.
Инаку, вечерашната средба меѓу овие две екипи е откажана, поради немилиот настан кој се случи синоќа во Атина, каде почина еден навивач на АЕК.

