Барселона е во незавидна ситуација пред стартот на новата фудбалска сезона. Тренерот, Чави Ернандез, има само 13 пријавени фудбалери. Под знак прашалник се засилувањата кои пристигнаа во текот на летово.
„Треба повеќе да го засилиме составот. Спортскиот оддел и претседателот го знаат тоа. Ќе видиме што ќе ни дозволи фер-плејот“ – нагласи Чави.
Тренерот на шапнскиот состав се надева дека ќе може да ангажира најмалку уште двајца фудбалери.
