Нашите најдобри кошаркари денеска заминаа за Талин на претквалификацискиот турнир за олимписките игри.
Селекторот, Александар Јончевски, во експедицијата ги има: Војдан Стојановски, Ти-Џеј Шортс, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески и Марко Миловановиќ.
Мечевите со Израел, Естонија и Чешка ќе ги реализираме во терминот од 12. до 15. Август.

