Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Марсело казнет 3 натпревари поради старт над противнички играч
    Фудбал

    Марсело казнет 3 натпревари поради старт над противнички играч

    risteBy riste11/08/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Дефанзивецот на Флуминенсе, Марсело е суспендиран на три натпревари откако го повреди дефанзивецот на Аргентинос Јуниорс, Лучијано Санчез во првиот осминафинален натпревар од Копа Либертадорес (1:1) во Буенос Аирес минатата недела, објави Ројтерс. Според одлуката на Јужноамериканската фудбалска конфедерација, поранешниот играч на бразилската репрезентација ќе треба да плати казна од 6.000 долари.

    Марсело при еден дриблинг кон Санчез, Аргентинецот посегна по топката, а Бразилецот правејќи финта високо нагази на противничката потколеница. Ногата на играчот на Аргентинос Јуниорс се свитка, поради што веднаш падна на теренот. Санчез го напушти теренот на носилки со скршеница за која тимскиот лекар рече дека никогаш не ја видел. Екс играчот на Реал Мадрид по инцидентот беше исклучен и со солзи го напушти теренот.

    „Денес имав многу тежок момент на теренот. Ненамерно повредив друг играч. Сакам да му посакам најдобро закрепнување“, напиша 35-годишниот Марсело на една од социјалните мрежи неколку часа подоцна.

    Бразилецот веќе го одлежа првиот натпревар од суспензијата од три натпревари, откако го пропушти реваншот, во кој Флуминенсе победи со 2:0.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.