Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин, наредната работна недела ќе отпатува во Грција за да се сретне со премиерот во врска со трагичниот инцидент во Атина во кој загина навивач на локалниот клуб АЕК.
– Чеферин на 16 август ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. На дискусиите ќе бидат поканети претставници на четирите најголеми локални екипи – АЕК, Олимпијакос, ПАОК и Панатинаикос, како и луѓе од Министерството за спорт, соопшти владината прес-служба на Грција.
Во меѓу време, полицијата во Атина и судските органи, започнаа процес против голем број уапсени фанови пред се од Хрватска.

