Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Томас Тухел, проговори околу најавениот трансфер на Хари Кејн од Тотенхем.
„Потврдувам, работиме на тоа, не е тајна, работиме со приоритет да потпишеме со Хари Кејн. Се обидуваме да го однесеме капитенот на англиската репрезентација надвор од Премиер лигата, тоа кажува се“ – вели Тухел.
Неговиот тим утре го чека дуелот од Супер Купот на Германија против екипата на РБ Лајпциг.

