Фудбалерот, Робин Госенс, ќе го напушти составот на Интер и ќе се врати во татковината во екипата на Унион Берлин.
Германскиот клуб успеал да го убеди 29-годишниот играч да направи трансфер. Тој денеска ќе ги помине медицинските прегледи.
Дефанзивецот пристигна во Интер во почетокот на 2022 година. За „нероаѕурите“ постигна 5 голови и направи една асистенција на 58 средби.

