Тренерот на Барселона, Чави и фудбалерот Рафиња, ќе бидат суспендирани за два меча откако заработија црвени картони на средбата со Гетафе.
Бразилецот во саботата удри противнички играч во финишот на првото полувреме а Чави беше исклучен во 70-та поради жестоки протести.
Ла Лига нема да покрене дополнителна постапка против Чави кој по завршувањето мечот го критикуваше судијата Градо. Барселона во наредните две кола ќе игра со Кадиз Вилјареал.