Глигор Христов ќе биде нов тренер на актуелниот македонски шампион во женска конкуренција, ОК Работнички. Христов се враќа во клубот со кој во 2019 година ја освои двојната круна, а годинава ќе се обиде да му помогне и за што подобро претставување на меѓународната сцена.
Работнички во октомври го очекува двомеч со романскиот тим Лугој во рамките на првата рунда од ЦЕВ Челинџ купот. Христов ја презема екипата која ги започна подготовките за новата сезона, а досегашниот прв тренер на тимот Душко Деспотовски ќе остане во стручниот штаб како негов асистент и прв човек на младинските категории во ОК Работнички.

