Тренерот на фдубалерите на Севилја, Хозе Луис Мендилибар, откри дека Немања Гудељ не бил планиран за последниот пенал во вчерашниот Супер Куп на Европа против Манчестер Сити.Токму промашувањето на србинот во последната серија кумуваше на поразот на шпанскиот состав.
„Згрешив што го извадив Ерик Ламела. Да останеше до крај, тој ќе го изведеше пеналот“, рече Мендилибар.
„Мислам дека одигравме добар натпревар. Против Сити не е лесно, мислам дека ние сме тимот кој имаше конкретни шанси, но ни недостасуваше гол“ – вели Луис.

