Ал Хилал го објави потписот со голманот на Севиља, Јасин Боно. Според информациите на шпанските медиуми, клубот од Саудиска Арабија за 32-годишниот Мароканец ќе плати 19 милиони евра, а играчот ќе потпише договор за период од 3 години.
Боно е во Севиља од септември 2020 година. Заедно со тимот, двапати ја освои Лигата на Европа. Голманот го одигра последниот натпревар за шпанскиот тим во средата на 16 август во финалето на УЕФА Суперкупот против Манчестер Сити (1:1; 5:6 по пенали).

