Машката сениорска одбојкарска репрезентација продолжува со завршните подготовките за настапот на Европско првенство во Скопје, па веќе од денеска избраниците на селекторот Миленкоски, стартуваат со настап и на 47. издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ во Скопје.
Од денеска до недела, во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи традиционалниот меморијален меѓународен турнир на кој, покрај Македонија, ќе настапат репрезентациите на Египет, Јапонија и на Грција.
Ова, секако, ќе биде нова убава можност да се провери сработеното досега и да се подигне формата на македонските репрезентативци пред првите дуели на ЕП. Вечерва прв ривал ни е Јапонија, а влезот во салата е слободен.
ОДБОЈКА, МЕМОРИЈАЛ „ЧАЈКА“
СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ
17.30 Египет – Грција
20.15 Македонија – Јапонија

