Екипата на Вардар го освои победничкиот пехар на 51-то издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга.
„Црвено-црните“ во финалето го совлада составот на Алкалоид со 25-20. Мечот започна на отвореното игралиште но, откако временските услови се влошија, истиот продолжи во затворено во салата – „Тими“. Во победничкиот тим Срдановиќ постигна 12 голови додека во поразениот се издвои Серафимов со осум.
Претходно, ракометарите на АЕК успеаја со пресврт да го совладаат шведскиот, Гуиф со 29:27 и да стигнат до третото место додека Динамо Панчево го освои петтото по победата против домаќинот Струга со 31:26.

