Викендов во организација на Скијачка федерација на Македонија ќе се одржи седмиот FIS Rollerski Cup Тоше Проески. Свеченото отворање со церемонијални активности е во петок пред спомен куќата на Тоше Проески во Крушево, со почеток од 19 часот.
Викендот ќе помине во знакот на спортските натпревари, одлична атмосфера и дружење, а доделувањето на наградите и затворањето на настанот е во недела на Градскиот плоштад во Крушево.

