Интер Мајами на Лионел Меси оствари победа во полуфиналето на Отворениот куп на САД, откако синоќа по подобро изведување на пенали славеше над Синсинати. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 2:2, а нерешено беше и во продолжението, 3:3.
Меси го одигра целиот меч и беше автор на две асистенции, кои ги искористи напаѓачот Леонардо Кампана, кој постигна два гола. Аргентинецот погоди во пенал-рулетот.
На 27 септември, Интер Мајами ќе се сретне со екипата на Хјустон во финалниот меч. Претходно, Меси и Интер Мајами го освоија и Лига купот на Северна и Централна Америка.

