Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, кој доби дури девет нови играчи во текот на летово, вели дека му треба време да направи компактен состав кој ќе конкурира за титулите во сите конкуренции.
„Новите играчи ќе бидат импресионирани на Сан Сиро иако дел од нив доаѓаат од големи клубови. Се надевам ќе имаат позитивни спомени “ – вели Пиоли и се насочи кон проблемот со напаѓачите.
„Во моментов Жиру е добар, Коломбо е тука а Окафор може да одговори на предизвикот. Мислам дека ќе немаме проблеми“ – вели тренерот на „росонерите“.

