Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Миленковски: „Подготвени сме, верувам во овие момци и се надевам дека ќе испишеме нова историја“
    Домашен микс

    Миленковски: „Подготвени сме, верувам во овие момци и се надевам дека ќе испишеме нова историја“

    risteBy riste29/08/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската обојкарска репрезентација ја одржа последната прес-конференција пред стартот на Европското првенство. Одбојкарите се подготвени за стартот на Европското првенство кое дел ќе се одржи во Скопје. Селекторот на нашиот национален тим, Јошко Миленкоски не крие дека пласман во следната рунда е главната цел. Посакува максимална борба и секако поддршка од трибините.

    „Овие момци секој ден даваат се од себе. Ова е најголем настан во Македонија, заедно сме со најголемите светски ѕвезди. Ова е можност да ја претставиме нашата држава и нашиот спорт. Со нашата желба, мотивација и борбеност сакаме да постигнеме што повеќе, поточно пласман во следниот круг. Макотрпно работевме, но не зависи само од нас зависи и од противниците. За да постигнеме добри резултати потребна ни е поддршка од сите страни, пред се од навивачите, за да се претставиме во најдобро светло и да сториме се за да се пласираме во втората фаза. Најважното ни доаѓа, тука треба да го покажеме нашиот цврст карактер, борбата амбициите и да се спротивставиме на сите овие моќни репрезентации. Имаме сили за тоа, веруваме во тоа, се надевам дека по завршувањето на ова ЕП тоа ќе биде една нова историја за нашиот спорт“, изјави Миленковски.

    Македонија на отварањето на ЕП утре во СЦ „Борис Трајковски“ ќе игра против селекцијата на Данска, натпреварот започнува во 20 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.