Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Македонија со победа против Данска го започна ЕП во Скопје
    Домашен микс

    Македонија со победа против Данска го започна ЕП во Скопје

    risteBy riste30/08/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската одбојкарска репрезентација со победа го започна настапот на Европското првенство. Нашата репрезентација ја израдува неколкуилјадната публика во салата „Борис Трајковски“ и славеа многу важна победа над Данска со 3:1, по сетови 22:25, 25:22, 25:19 и 25:22. 

    Нашите одбојкари го отворија натпреварот со променлива игра во првиот сет. Најпрво бевме во негатива, потоа на двапати имавме водство, но Данците при резултат 13:13 успеаја да направат мини-серија од три поени, по која нашите одбојкари не успеаја комплетно да се вратат и го загубија сетот со 22:25. 

    Вториот сет донесе сосема поинаква приказна. Македонија тргна многу посилно, а публиката го почувствува моментот и ги бодреше нашите одбојкари. Сето тоа го искористија нашите одбојкари и со сигурна игра го добија вториот сет со 25:22. 

    Македонските одбојкари добија поголема мотивација и во третиот сет прикажаа уште поубедлива игра. Данска почна многу да греши, и ни „подари“ 12 поени, по што нашите репрезентативци немаа проблем да го освојат сетот со 25:19. Најпрво капитенот Никола Ѓоргиев искористи еден контра-напад за 24:19, а сетот го заверивме со поенот на Александар Љафтов. 

    Четвртиот сет започна со прилично израмнета игра. Очигледна беше желбата на нашите момци што порано да го затворат мечот во своја полза, но Данска не се предаваше. Имавме водство од два поена разлика во неколку наврати, но и Данците се разбудија малку во нападот. Македонија успеа да добие две брејк-топки и го израмнија резулатот на 22-22, а навивачите со громогласно навивање им дадоа поддршка на нашите одбојкари. 

    Најефикасни во нашата репрезентација беа капитенот Никола Ѓоргиев со 16 и Александар Љафтов, кој додаде уште 15, од кои неколку во најклучните моменти од натпреварот. Следниот натпревар нашите „спартанци“ ќе го одиграат против селекцијата на Црна Гора на 2 септември. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.