Бенџамин Павар кој доцна синоќа го комплетираше трансферот во Интер, вели дека сака да освојува трофеи со италијанскиот фудбалски гигант.
„Нероаѕурите“ за неговиот потпис му платија 30 милиони на Баерн Минхен. Французинот треба да биде големо засилување во средниот ред за калчо-лигашот.
„Интер е победнички клуб, најголема цел е да се освои Скудетото, сакам да има втора ѕвезда на грбот на Интер. Стекнав многу искуство во Баерн и репрезентацијата на Франција“ – вели Павар.

