Севиља потпиша договор со поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и ПСЖ, Серхио Рамос. Ова го соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.
Рамос по 18 години се врати во својот матичен клуб. Дефанзивецот се пресели од Севиља во Реал Мадрид во 2005 година.
Претходно беше објавено дека играчот ќе оди на значително намалување на платата. Двете страни потпишаа договор за една сезона. Раководството на Севиља го контактирало Рамос откако дефанзивецот постигнал начелен договор со Саудиската екипа Ал-Итихад.
Да потсетиме, 37-годишниот Рамос е со статус на слободен играч по заминувањето од францускиот ПСЖ во јуни оваа година. Во сезоната 2022/2023, дефанзивецот забележа 45 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, во кои постигна четири гола. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 4,5 милиони евра.
Претходно беше објавено дека интерес за дефанзивецот има од турските екипи Галатасарај и Бешикташ.

