Македонската одбојкарска репрезентација попладнево од 17 часот во Скопје ќе го одигра и четвртиот меч на Европското првенство. За избраниците на селекторот Јошко Миленскоски нов предизвик ќе биде селекцијата на Холандија, против која ќе се обидеме да ја оствариме и третата историска победа на завршниците на континенталните натпреварувања.
Македонија вчера и официјално успеа да го потврди пласманот во осминафиналето, откако Црна Гора и Данска претрпеа нови порази во групата. За нас последните два меча со Холандија и Чешка ќе бидат шанса да се избориме за уште подобар пласман во групата, и со тоа условно за полесен ривал во осминафиналето во Бари.
Против селекцијата на Холандија игравме и на минатото ЕП 2021 кога во групната фаза бевме поразени со 3:0.

