Нашите фдубалски репрезентативци во Скопје продо,лжуваат со подготовки за дуелот со Италија в сабота на Националната Арена. Репрезентативците под водство на селекторот Милевски во Скопје подготуваат стратегија за „аѕурите“, кои доаѓаат со нов селектор и надежи за одмазда за поразот кој им го приредивме во Палермо. Човекот кој со гол ја елиминира Италија од учество на СП во Катар, Александар Трајковски, за очекувањата од дулот в сабота во Скопје вели:
„За нас секој натпревар е многу важен. Мечот со Италија е еден од потешките. Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани. Покажавме дека можеме, зошто тоа да не го направиме и на домашен терен. Треба да бидеме максимално фокусирани и со поддршка од навивачите да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Италијанците на некој начин ќе сакаат да се реваншираат за поразот од Палермо, би сакал да не потценат, но знам дека овој пат нема да биде исто“.

