Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 20 часот ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Скопје. Последен ривал за момците на селекторот Миленкоски ќе биде репрезентацијата на Чешка, со која имаме ист број на бодови по четири одиграни натпревари, па нашиот дуел директно одлучува за пласманот на третото место.
Победа над Чешка ќе значи дека Македонија во осминафиналето заминува како третопласирана, со што сигурно ќе избегне дуел со првопласираната селекција од групата „А“, Италија.
Осминафиналната фаза ќе се одигра во Бари.

