Селекторот на Германија, Ханси Флик, по вчерашниот пораз на пријателскиот меч со Јапонија во Дизелдорф, вели дека тој е вистинскиот човек за клупата на „панцирите“.
„Мора да признаеме дека Јапонија е добар тим. Имавме многу индивидуални грешки а противникот тоа вешто го користеше. Заслужено победи“ –рече Флик.
„Разбирам дека разочарувањето е големо но, мислам дека јас сум вистинскиот тренер за националниот состав“ – вели Флик. Германија наредниот меч ќе го одигра во вторник против Франција на стадионот во Дортмунд.

