Поранешниот фудбалер и селектор на украинската репрезентација Андриј Шевченко им честиташе на фудбалерите и селекторот за ремито во квалификацискиот натпревар со Англија за ЕП 2024 (1:1).
„Им честитам на украинската репрезентација и на селекторот Сергеј Ребров за важното реми и импресивната игра. Неверојатна концентрација и посветеност на тимот! Благодарност до сите навивачи за неверојатната атмосфера на стадионот! Навиваме за нашиот народ“, напиша Андреј Шевченко на својата страница на една од социјалните мрежи.
Англија продолжува да биде лидер во групата Ц со 13 бода по пет натпревари. Украина е на второто место, со седум бода по четири натпревари. Во следниот натпревар кој се игра утре, 12 септември, Украина ќе игра на гости кај Италија.

