Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа и препушти само еден гем на Сада Нахимана од Бурунди и лесно скокна во полуфиналето на турнирот во Скопје.
По само 52 минута игра, Ѓорческа првиот сет го доби со 6-0 а вториот со 6-1.
Ѓорческа сега ја чека меч со Ива Приморац од Хрватска која денеска ја елиминираше првата носителка Леолиа Жанжан од Франција.

