Стратегот на Милан, Стефано Пиоли, вели дека максимално се насочува кон утрешниот меч со Интер и дека не го интересира минатото. Според тренерот на „росонерите“, неговите играчи се подготвени да го добијат градското дерби.
„Дефинитивно размислувам само за мечот. Дали Оливие Жиру е новиот Златан Ибрахимовиќ во соблекувалната? Има само еден Ибра а тимот порасна“ – вели Пиоли.
„Не ме интересираат последните дерби мечеви. Симон Кјаер е подготвен да игра. Рафаел Леао се претвора во доминантен и клучен играч“ – вели Пиоли.

