Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, проговори за денешната пресметка со Лацио во групата „Е“ од Лигата на шампионите.
„Лацио знае добро да се брани, се обидува да наметне темпо и има опасни играчи. Тоа е тим кој знае што сака“ – изјави Симеоне и се потсети на времето кога играше за лацијалите.
„Имавме неверојатен тим. Со мојот гол против Јувентус се вративме во битката за Скудетото и го освоивме“ – потенцираше тренерот на Атлетико.

