Тренерот на Борусија (Дортмунд) Един Терзиќ го коментираше поразот на тимот во натпреварот со ПСЖ во 1.коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
„Дефинитивно можеме да кажеме дека во првото полувреме ни недостасуваше храброст. Сакавме да бидеме поостри, да напаѓаме повеќе и почесто да ги напуштаме позициите. По паузата видовме што ќе се случи доколку тргнете три до пет метри напред и му верувате на играчот кој ве обезбедува. За жал, во првото полувреме премногу често ја губевме топката“, изјави Терзиќ за официјалниот сајт на УЕФА.
Францускиот клуб победи со резултат 2:0. Килијан Мбапе погоди од пенал за парижаните, исто како и дефанзивецот Хакими.
Во групата Ф, Милан и Њукасл одиграа без голови 0:0.

