Лионел Меси се повреди на синоќешниот меч со Торонто кој Интер Мајани го доби со 4:0. Последните вести велат дека 36-годишниот аргентински напаѓач има обновување на старата повреда и не се знае дали ќе може да игра за Интер Мајами во финалето на Американскиот куп.
„Треба да го почекаме медицинскиот извештај, да дознаеме што се случува. Ќе ја следиме нивната состојба и ќе размислиме за тоа како ќе постапиме во иднина. Секако дека нема да играат во недела против Орландо Сити“, изјави тренерот Херардо Мартино.
Синоќа повреда заработи и Жорди Алба, кој како и Меси уште во првото полувреме го напушти теренот.

