По одличните настапи во септемвриските квалификации, македонската фудбалска репрезентација скокна две места на ФИФА листата. На септемвриското рангирање, Македонија се најде на 66. место.
Ова е скок од две позиции за разлика од последното рангирање. Следите предизвици на „рисовите“ се во октомври, во клучниот дуел со Украинците во Прага и пријателска средба со Ерменија.
На врвот на ФИФА ранкингот нема промени. Прва е Аргентина, пред Франција, Бразил, Англија, Белгија, Хрватска и Холандија.

