Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, изјави дека лондонскиот фудбалски клуб има опција да го купи напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кеј .
– Ако Хари еден ден посака да се врати во Премиер лигата, ќе имаме можност да го купиме, беа дел од зборовите на Леви пренесени преку социјалните мрежи. Англискиот напаѓач кој во текот на летото се пресели во Германија за 100 милиони евра, успеа да постигне четири голови на четири натпревари во Бундеслигата и да забележи една асистенција.
Договорот на играчот со Баварците е валиден до јуни 2027 година.

