Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, кој направи голема грешка на дуелот со Баерн Минхен во Лигата на фудбалските шампиони, доби поддршка од тренерот, Ерик тен Хаг и играчот од средниот ред Бруно Фернандеш.
„Тој е одличен голман и не треба да презема никаква вина за ништо.“ – вели Португалецот.
„Верувам дека Онана ќе има многу добри одбрани и ќе ни донесе многу бодови“ – беа зборовите на Фернандеш.

