Навивачите на Челзи доживеаја уште едно разочарување откако нивните миленици загубија на домашен терен од Астон Вила со минимални 1:0 во рамките на Премиер лигата.
Иако „сините“ имаат катастрофален почеток на сезоната и речиси се отпишани од трката за титулата, тренерот, Маурисио Покетино, верува дека екипата може да излезе на вистинскиот пат.
„Дајте ми време. Тимот дава се што може и потребно е само да работиме. Ни недостасува само едно нешто во моментов а тоа се головите“ – вели Покетино

