Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, по вчерашното реми на домашен терен со Тотенхем (2:2), вели дека неговиот тим требал да дојде до победа во дербито на Премиер лигата.
„Мислам дека загубивме два бода иако темпото се менуваше на двете страни. Имавме доминација но, Тотенхем знаеше да не казни за грешките и секогаш се враќаше со гол за изедначување“ – вели Артета.
Арсенал и Тотенхем по 6 кола имаат по 14 бодови и го делат 4-то и 5-то место на табелата.

