Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Давидовски по трофејот на Монца: Кога си во иста секунда со противникот …
    Домашен микс

    Давидовски по трофејот на Монца: Кога си во иста секунда со противникот …

    sasoBy saso26/09/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот возач Виктор Давидовски ја привршува својата шеста сезона во најсилното европско натпреварување за автомобили на кружни патеки, а токму на легендарната патека Монца успеа да го освои првиот трофеј оваа сезона.

    Претходно, Давидовски имаше ситуација да се бори за високи пласмани на трките во Алгарве (Португалија) и По (Франција), но еднаш беше удрен од ривал, а потоа имаше и дефект. Откако имаше голем судир на Хунгароринг (Унгарија), повторно доби шанса на втората трка возена на Пол Рикар (Франција), но и покрај тоа што водеше во трката, автомобилот ги изневери неговите очекувања.

    „По многуте викенди со технички проблеми, судири и разни малери, задоволен сум што успеав да го реализирам потенцијалот со освојување на трофејот за третото место во првата трка. За неколку илјадити делови од секундата загубив дури две стартни позиции, откако поголемиот дел од квалификациите ги минав со најдобро време, но клубската политика е таква што податоците за штелувањата се достапни за сите, па тимските колеги можеа да го видат мојот сет ап. Не сакав да преземам многу ризици бидејќи овој подиум во Монца навистина го посакував, па само се грижев да го чувам Коронел зад мене во првата трка, но и тој возеше мудро со оглед на тоа што се бори за шампионската титула. Да се биде во иста секунда со победникот доволно кажува како податок. Во втората трка Давидовски наместо од четвртото место стартуваше од седмата позиција, но сите возачи беа во една голема група и немаше големи разлики меѓу нив.

    „Искрено, очекував повеќе од втората трка, но втората половина возев со вклучен аларм за можен дефект на ладилникот и не бев во ситуација да притискам како во првата. Механичарите ќе имаат работа да проверат дали се е во ред со моторот и дали ќе имам потреба од нов за идната трка, што би можело да ми донесе казна на стартот во Барселона“.

    Послендниот гран при викенд за оваа сезона ќе се вози на патеката Каталуња крај Барселона на 21 и 22 октомври.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.