Тренерот на фудбалерите на Интер Мајами, Мартино, ќе чека до последен момент за да донесе одлука дали Лео Меси ќе се појави во утрешното финале во Копа Америка против екипата на Хјустон.
Аргентинскиот фудбалер поради повреда го пропушти неделниот меч против Орландо Сити. Според агенцијата АП, станува збор за повреда на ногата.
„Ќе седнам со него и ќе видам како се чувствува. Веројатно заедно ќе договориме што да правиме. Ризици секогаш има но, мораме да ги минимизираме“ – вели тренерот на Интер Мајами.

