ФК Вардар најави дека на прес-конференција во СЦ Јане Сандански во Аеродром ќе ја открие целата вистина за лошата состојба во клубот.
– Во петок (29.09.2023) закажуваме вонредна прес-конференција која ќе се одржи во просториите на прес-салата при СЦ Јане Сандански, во населбата Аеродром а која симболично ќе започне во 5 за 12 односно во 11:55 ч.
– Ги повикуваме сите медиуми и навивачи да дојдат со цел да бидат запознаени со целокупната вистина. Време е да им го честитаме последното место на табелата на тие кои ветија дека ќе бидат тука и ќе помогнат а кои на крајот му го свртеа грбот на клубот на народот!“ – објавија од Вардар.

