Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, не крие дека е задоволен од победата на вчерашното гостување кај Каљари.
„Добро го започнавме мечот и можевме да поведеме но, не бевме сконцентрирани. Потоа примивме гол поради невнимание. Сепак успеавме да победиме на тежок натпревар“ – изјави Пиоли.
„Играта беше крајно изедначена. Добро е што успеавме да се наметнеме иако во второто полувреме направивме неколку грешки“ – вели тренерот на „росонерите“.

