Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, по триумфот на фјучерсот во Куршумлиска бања, забележа скок на новата ранг листа на ВТА.
Таа сега се наоѓа на 186 место или напредуваше за цели 30 позиции. Ѓорческа најдобриот пласман го имаше во 2017 година кога стигна до 170 место во светското рангирање.
Лина во нејзината кариера има освоено 13 титули.

