На денешен ден во 1937 година почнува официјално да живее еден од најреномираните фудбалски клубови во Македонија – ФК Работнички. „Херојот од Дебар маало“, како што ќе го добие својот препознатлив прекар во годините,
Согледувајќи ја важноста на фудбалската игра која во годините пред Втората светска војна зафаќа се поголем замав на Балканските простори, а веднаш и по првото учество на поранешна Југославија на СП во Уругвај, Дане Крапчев ја носи идејата за формирање на клуб кој би имал централно место во животот на Дебар Маало. Младите од Дебар маало во 1935 и 1936 години максимално активно се обидувале да регистрираат фудбалски клуб, затоа што не наидувале на разбирање од тогашната власт. Во тоа време власта не била расположена да разговара за ваквите предлози бидејќи во Дебар Маало имала свое здружение наречено „Хумано-културно друштво Дебар Маало“ преку кое режимот сакал да ја истакне својата „грижа“ за сиромашната работничка класа… Но, неговата активност згаснува кон крајот на 1936 година. Токму тоа во пролетта 1937 година го отвора прашањето за формирање на организиран фудбалски клуб, па на предлог на Дане Крапчев, кој го дава и името, во октомври е формиран ФК Работнички, пред се и затоа што основачите произлегувале од работнички семејства, од работничка средина… Токму поради тоа, ова име е едногласно е прифатено како и црвената боја која ќе биде симболот на тимот од Дебар маало до денес.

